Неколку илјади Курди се сообраа денеска на протести во Стразбур, од кои е побарано од Турција да го ослободи од затвор курдскиот лидер Абдула Оџалан.
Оџалан, кој е лидер на сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК), од февруари 1999 година отслужува доживотна затворска казна во затвор во островот Имрали крај Истанбул.
Според орагнизаторите на собирот на протестот присуствувала меѓу 13 и 15 илјади лица, Тие носеа курдски знамиња и фотографии на Оџалан.
Претставничката на организаторите на собирот Елен Ерин во изјава за телевизијата Франс З ги обвини турските валсти дека „го истребуваат курдскиот народ во Источна Турција“.
Изјавата се однесува на оперцијата на турските безбедносни сили против курдските борци во источните делови на Турција, што започна во декември 2015 година.