Протест во Белград за Савамала: Одговорност мора да има!

Од:

“Ние не бараме 30 фантомки, туку бараме имиња и оставки“, порачаа денеска организаторите на третиот по ред протест во Белград, поради уривањето на објектите во Савамала, место каде што треба да се гради дел од мегакомплексот „Белград на вода“.

На протестот на иницијативата “Да не го давиме Белград“ пристигнаа неколку илјади граѓани, а по одржаните говори демонстрантите тргнаа во прошетка низ улиците на центарот на Белград.

Тие носеа транспаренти “ Мали батали“, “Вучиќ Вејдеру“, “Стоп на безаконието“, и извикуваа “Чиј е овој град-Наш град“. Демонстрантите побараа оставки и одговорност на сите кои се инволвирани во уривањето на објектите.
-Оставките се првиот чекор и тие мора да се случат, бидејќи Белград не е мал(и). Ние ги натеравме да го признаат
злосторството, ние ќе ги натераме и да ја прифатат одговорноста, порачаа од протестот.

Српските медиуми пишуваа дека акцијата била испланирана само неколку часа пред да биде испратен багер во белградскиот кварт Савамала, придружуван од маскирани типови како „логистичка поддршка“. За акцијата знаел еден бизнисмен кој го информирал неговиот пријател, полицаец од висок ранг.

Земјиштето на кое се уриваше тајно на „Херцеговачка улица“ во Савамала е планирано за проектот „Белград на вода“, а премиерот Александар Вучиќ за одговорност посочи кон градските власти, односно кон градоначалникот на Белград, Синиша Мали.

Би можело да ве интересира

„Кој е следен“: Ова не е борба меѓу партии, ова е борба меѓу чесните и корумпираните

Горан Наумовски

Свирежи до Владата, a потоа 16-минутен молк за жртвите од Кочани

Горан Наумовски

„Вие сте херои“ – граѓаните ги поздравија медицинските работници

„Секој еден, може да е следен”, „Правда за жртвите”, извикуваат граѓаните на денешниот марш во Скопје

„Кој е следен“: Ние сме активни граѓани, сакаме да останеме тука, да живееме во Македонија, но да е безбедно

Горан Наумовски

Се урна авион во близина на Белград, пилотот е извлечен од вода