Протест против странските работници во Риека: Дојдоа 20 луѓе

Од:

Во Риека се одржа протест наречен „Спасете ја хрватската култура“, организиран од „Здружението за подобра Хрватска“. Одзивот беше исклучително слаб. На Јадранскиот плоштад се собраа само околу дваесет луѓе.

Организаторите претходно повикаа на „забрана за увоз на странски работници“ и „заштита на домашната работна сила“, најавувајќи дека на протестот ќе изнесат десет барања до властите. Во најавата, тие рекоа дека сакаат да ја „спасат хрватската култура“ и дека „е време да се крене гласот“.

На лице место, сепак, атмосферата беше сосема поинаква: се собра само мала група симпатизери, а говорникот Роналдо Баришиќ се обраќаше на група од околу 20 лица кои стоеја пред бината.

Здружението за подобра Хрватска ги повтори своите пораки за „замена на населението“ и побара измени во законот за вработување на странски работници, но судејќи според одзивот, нивниот повик не наиде на сериозен интерес кај граѓаните на Риека.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он