Протест пред РИК во Белград поради изборна измама

Од:

Претставниците на коалицијата „Мораме“, која ја сочинуваат „Да не го давиме Белград“, граѓанската платформа „Акција“ и Еколошкото востание на Александар Јовановиќ Чута, вечерва со протест пред седиштето на Републичката изборна комисија (РИК) во Белград најавија дека „ќе го бранат секој глас“, јави дописникот на МИА од Белград.

Тие ја блокираа улицата пред седиштето на РИК во центарот на Белград, која треба подоцна вечерва, како што е најавено, по одржување на две седници, да организира прес-конференција за изборните резултати.

Претставникот на Еколошкото востание Александар Јовановиќ Чута изјави дека инсистираат на „јавно пребројување на гласовите на места каде што имало нерегуларности“.

Тој изјави дека врз основа на извештајот на РИК, ќе види дали коалицијата „Мораме“ ќе влеземе во коалиција со „Ајде луѓе“ и Обединети за победа на Србија.

Кандидатот за претседател на коалицијата „Мораме“, Билјана Стојковиќ порача дека ќе остане на улица и „ќе се бори за секој глас“.

Радомир Лазовиќ, претставник на движењето „Да не го давиме Белград“, ги повика сите политички организации „кои не се дел од режимот“ да се приклучат на протестот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он