Протест пред Македонската амбасада во Софија

Од:

Пред Македонската амбасада во Софија денеска е одржан протест поради, како што истакнале организаторите, сквернавењето на спомен-плочата за загинатите бугарски туристи при потонувањето на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро.

На спомен обележјето во Охрид непознати лица со спреј нацртале кукасти крстови и напишале „фашисти“. Сквернавењето на спомен-плочата, како што објавуваат бугарските медиуми, коинцидирало со договорот меѓу претседателите на Бугарија и на Македонија, Росен Плевнелиев и Ѓорге Иванов во Ватикан, наскоро да се сретнат во Охрид.

Луѓето кои се собрале пред македонската амбасада побарале од бугарската држава да се заложи кај македонските власти да преземат мерки против оние кои го осквернавиле спомен обележјето, тоа да се реновира и да има постојано обезбедување.

Сквернавењето на спомен-плочата беше осудено од локалните власти во Охрид, како и од жителите на градот. Извршителите на вандалскиот чин засега не се откриени. Спомен-плочата беше поставена пред една година во чест на 15-те бугарски туристи кои се удавија во водите на Охридското Езеро, на 5 септември 2009 година при потонувањето на бродот „Илинден“.

Би можело да ве интересира

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било