Во знак на протест против се позачестените напади врз Србите, голем број луѓе денеска се собраа кај мостот Бистрица, кај Звечани, на местото каде пред две ноќи Милан Јовановиќ беше ранет од припадник на Специјални единици на косовската полиција.
Насобраните носеа транспаренти „Стефан, Милош, Миљан, Милан…Кој е следен“, „Не ти е местото овде“, „Тргни се одовде“, „Европа, пукаат во нас“.
На протестот повика сопругата на Милан, Марина, а насобраните бараат повлекување на специјалните единици од северно Косово.
Во близина на пунктот на Специјалната полиција, кај мостот Бистрица, утрово се појави предупредувачка табла: „Специјалците на Курти пукаат во Срби“.
Пунктот на таканаречената специјална полиција кај мостот Бистрица беше поставен за време на барикадите во декември минатата година, јавува Танјуг.
Србите од северот постојано предупредуваа за опасноста од поставување на тој пункт, поради неколку инциденти што се случија во негова близина.
На истото место каде пред две ноќи беше ранет Милан Јовановиќ, кон крајот на јануари беше застрелан и Миљан Делевиќ во грбот.