Протест на Пленковиќ до Сасоли поради инцидентот со италијанските европарламентарци

Од:

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изрази остар протест поради инцидентот од 30 јануари, кога четворица италијански европратеници се најдоа на „зелената граница“ меѓу Хрватска и БиХ, од каде полицијата ги врати.

Во видео разговор со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, хрватскиот премиер кажал дека станува збор за приватна посета на четворица италијански пратеници од Клубот на Прогресивниот сојуз на социјалистите и демократите за да се предизвика инцидент и да се наруши меѓународниот углед на Хрватска, со непочитување на нејзините закони и институции .

Пленковиќ, наводно, го информирал Сасоли за напорите што Хрватска и нејзината гранична полиција ги прават за контрола на границата и за спречување на нелегално преминување, како и за напредокот на земјата во последните подготовки за влезот во Шенген, пренесе Хина.

Во разговорот, наводно, двострано бил потврден приватниот карактер на посетата на италијанските социјалистички претставници од ЕП и фактот дека таа на ниту еден начин не била организирана, ниту одобрена од Европскиот парламент.

Би можело да ве интересира

Пленковиќ: Никогаш не било планирано хрватските војници да бидат распоредени во Украина

Пленковиќ: Пресудата против Додик не е правосилна, треба да се „спушти“ топката

Пленковиќ: Треба да започнат разговорите со Путин, Русите можат да ги издржат санкциите

Милановиќ со предупредување до Пленковиќ: Не се обидувај неуставно да ја преземеш командата на армијата

Предраг Петровиќ

Пленковиќ најави потпишување на Протоколот за подигање на безбедносните мерки во училиштата

Владата на Пленковиќ го преживеа гласањето за доверба