Полицијата пронашла остатоци од човечко тело за кои се претпоставува дека му припаѓаат на 51-годишниот фитнес тренер Јово Кецман кој исчезна на 24. септември минатата година. Остатоците се пронајдени во околината на Белград, а ДНК вештачењето треба да потврди дали остатоците навистина се на Кецман.
„На една од локациите кои беа детално претресени по апсењето на Беливук и на неговите соработници се пронајдени остатоци за кои се претпоставува дека му пропаѓаат на исчезнатиот тренер. Од членовите на неговто семејсто земени се ДНК примероци кои ќе бидат искористени за споредување со пронајдените докази“ – цитираат извор од истрагата српските медиуми.
Истражителите уште од првиот ден на исчезнувањето на Кецман се сомневаа дека е поврзано со Беливук. Според сведочењето на семјството Кецман последен пат бил виден кога го напуштил домот без мобилниот телефон, но со 16 илјади евра. Отишол да се сретне со пријател.
Кланот на Беливук се сомничи за киднапирања, трговија со дрога и за три убиства. „Веља Невоља“ како и неговите соработници се во пртивор.