Продолжуваат поплавите во Романија и Србија

Од:

Состојбата со поплавите што изминатиов викенд зафатија делови на Романија и Србија и натаму е критична.

Романското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека во поплавите животите ги загубиле три лица, меѓу кои едно 13 – годишно момче.

Како што јави ДПА, од поплавите најпогодени се јужните делови на Романија, каде по неколкудневните поројни дождови се излеаја повеќе реки.

Романската служба за справување со вонредни состојби продолжува со поставување дополнителни вреќи со песок на речните брегови, поради најавите за нови врнежи во следните денови.

Во Србија и натаму е во сила вонредната состојба во 11 општини во кои има поплави. Најкритична е состојбата во општините Лучани и Алексинац во централна Србија и во селата околу планината Овчар во западниот дел на земјата.

Поради поплавите од нивните домови се евакуирани стотици лица, а не се исклучени и нови евакуации во следните денови, бидејќи се очекува покажување на нивоата на водата во реките и постои опасност од нови поплави.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Излеаната Маркова Река направи проблеми во Студеничани, Батинци, Пинтија, Горно и Долно Лисиче

Горан Наумовски

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

(ВИДЕО) Мајки со бебиња бегаат од поплавената болница во Аргентина, 10 загинати во поплави

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица