Продолжува штрајкот на лекарите во Хрватска

Од:

Штрајкот на лекарите и медицинскиот персонал во Хрватска, кој почна минатата недела, продолжува, откако пропадна состанокот на синдикалните претставници со ресорниот министер Рајко Остојиќ.

Синдикалните претставници вчера побараа враќање на додатоците за прекувремени часови, дежурства и приправност, а сега и оставка на Остојиќ.

Иако тема на вчерашниот состанок требаше да биде новиот колективен договор, сепак најмногу се расправало за притисоците кои се вршат врз штрајкувачите, по што тие порачаа дека не се плашат.

– Нема политички да уредуваме стручни прашања. Сигурно штрајкот нема да биде запрен ако кој и да е шеф на одделение биде сменет, се додека министерот не поднесе оставка, изјави претседателот на Синдикатот на лекарите Ивица Бабиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

На медицинските сестри им се слошило во загрепска болница, итната помош била затворена пет часа

Горан Наумовски

Заладување во регионот, снег во Загреб и Бања Лука

Два земјотреси го погодија Загреб: Имаше татнеж, па креветот многу се тресеше

Во Загреб: Се активираше свлечиште на влезот во претседателската палата, стигна реакција од кабинетот на Милановиќ

Германски овчар во Загреб каснал девојка и убил помало куче