Продолжува да се тресе тлото во Албанија

Од:

Уште триесетина земјотреси со епицентри кај Драч, во Албанија, се регистрирани досега по силниот потрес утринава во 3:54 часот со интензитет од 6,4 според Рихтер.

Според извештаите на албанските медиуми, во потресите животот го загубиле најмалку шест лица, а над 150 се повредени. Причинета е и голема материјална штета.

Најсилниот од серијата земјотреси беше почувствуван и во Северна Македонија. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека земјотресот е почувствуван со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала во Охрид, Струга, Дебар, Гостивар, Тетово, IV-V степени во Скопје, Кичево, Битола и со интензитет од III-IV степени во источните делови на земјава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Луѓе бегаат на улица, стравуваат од цунами – први снимки од Аргентина по два силни земјотреси

А1он

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Серија земјотреси во близина на Нов Зеланд, со магнитуда до 6,8 степени

Астролог најави нов земјотрес и заврши во затвор

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес ја погоди Унгарија

Земјотрес во Бугарија