Призна дека си ги уби децата со 12 куршуми

Од:

Предраг Перишиќ, државјанин на Србија во четвртокот само пет дена пред почетокот на судскиот процес во Хјустон, призна дека на 13. декември 2010. година по разводот со сопругата и киднапирањето на децата , го убил десет годишниот син Дејан, и ја ранил својата ќерка која тогаш имала 12. години.

Србинот признал дека во членовите на своето семејство испукал 12 куршуми. За стореното злосторство му се заканува казна од две до 99 години затвор или доживотен затвор , а обвинителот Ричард Контис е изненаден од признанието на таткото.

Тој се доселил во САД во 2000. година каде што се вработил во компанијата „Хјустон чип ченел“

Во тоа време, меѓутоа, почнале проблемите во семејството, а сопругата Вера тврдела дека станал насилен поради што во судот во Хјустон поднела барање за развод. Канадскиот суд старателството над децата и го доделил нејзе.

Наместо да се помири со одлуката, тој ги киднапирал децата и почнал да се крие со нив.

Го пријавила сопругата, па во потрагата по Дејан и Даниела полициските екипи откриле дека се наоѓаат во близина на езерото во Ливингстон.

„Полицијата на 13.декември ја опколи куќата, каде Перишиќ почнал да пука во децата кои биле внатре со него. Двете деца, тешко повредени се пренесени веднаш во болница , каде што Дејан починал. Даниела е два пати оперирана“, рече обвинителот.

Перишиќ е упасен и од тогаш е во затворот во Сан Јакинта.

„Мојата цел е никогаш да не излезе од таму“, рече обвинителот Контис.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија