Приведени тројца Албанци кои избодеа Србин на Косово

Од:

Дваесетгодишниот млад човек од српска националност Бобан Ѓузиќ денеска е избоден со нож во пределот на рамото, во селото Могила, општина Клокот. Како што беше кажано, Ѓузиќ бил ранет од тројца Албанци по маалска расправија и тие биле приведени. Ѓузиќ се чувствува добро и се наоѓа во болница во српското село Пасјане, потврди за Танјуг неговиот брат Душан.

„Мојот брат го шеташе кучето и кога се враќаше дома, одзади му пријдоа тројца Албанци, а додека едниот го држеше, другиот двапати го прободе. Потоа третиот ги раздели. Веднаш го однесовме во амбулантата во Врбовац, од каде по укажаната помош е префрлен во болницата во Пасјан“, изјави Душан Ѓузиќ.

Дека Бобан Ѓузиќ е во болницата во Пасјан потврди и директорот на оваа институција д-р Зоран Периќ.

„Некаде околу 13 часот во амбулантата во Врбовац се пријавил Бобан Ѓузиќ со убодни рани во пределот на рамото. Таму медицинскиот персонал му укажал основна помош, крварењето е прекинато, згрижен е и испратен во Пасјане, каде што го примиле Бојан Ѓориќ, хирург и Дејан Јоциќ, радиолог. Ѓузиќ има две убодни рани во пределот на левото рамо, раните се сошиени, преврзан е, направена е рендген, ултразвук, a му е препишана терапија и се наоѓа на интерно одделение и е во стабилна состојба“, вели д-р Периќ, пренесува Танјуг.

Доктор Периќ додава дека Ѓузиќ имал среќа бидејќи коската била погодена, со оглед на тоа што раните се прилично длабоки. Селото Могила е мултиетничко село во општина Клокот, недалеку од Косовска Витина. Во селото живеат Срби, Албанци и Роми.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина