Приведени 15 лица по инцидентот пред српското Собрание

Од:

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, изјави дека полицијата, по наредба на надлежните државни органи, уапсила 15 лица кои учествувале во насилството пред српското Собрание и го нападнале Маријан Ристичевиќ и други пратеници и лица, јави дописникот на МИА од Белград.

Инцидентот пред собранието го коментираше и претседателот Александар Вучиќ.

-Денеска фашистичките фаланги на Бошко Обрадовиќ од Сојузот за Србија, физички нападнаа пратеници, ги турнаа на земја, им ги кинеа сакоата, и тоа го сторија сакајќи да покажат дека насилството е она што треба да владее во Србија и да се здобијат со мнозинска поддршка од народот, изјави Вучиќ.

Од друга стеана коментар даде и председавачот на Сојузот за Србија (СзС) Јанко Веселиновиќ, коалиција во чии рамки се и Двери на Обрадовиќ.

-Инциденти како денешните се случуваат во сите парламенти низ целиот свет, тие не се невообичаени, особено ако се земе предвид дека живееме во автократија и дека парламентот го има преземено една партија, а опозицијата нема можност да ги искаже своите ставови, изјави Веселиновиќ, кој додаде дека „доколку имало инцидент во кој имало физичко насилство, тие не поддржуваат какво било насилство“.

Оценка за инцидентот даде и социологот Весна Пешиќ, која смета дека Двери и Обрадовиќ сето ова го прават за да можат да излезат на избори.

-Не знам зошто ги држат во тој сојуз (СзС), затоа што тој сојуз е сосема поразличен и во методите и во ставовите, и неколкупати се имаат одвоено, нема место за нив во цивилизираната опозиција, но тие се држат до тоа свое единство, изјави Пешиќ.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани