Приведен шефот на кабинетот на претседателот на Федерацијата БиХ

Од:

Јавното обвинителство на Босна и Херцеговина денеска го приведе и сослуша Винко Дриновац, шеф на Кабинетот на претседателот на Федерацијата БиХ, Живко Будимир.

Весникот „Глас Српске“ наведува дека Дриновац е уапсен во рамките на истрагата на аферата за примање поткуп за помилување на осуденици, во која се води истрага против Будимир и неговите соработници.

Сараевскиот весник „Дневни аваз“ пак објави дека Дриновац е приведен изутринава од Обвинителството на БиХ и по неколкучасовно сослушување е пуштен на слобода.

Дриновац потврдил дека бил сослушан од Обвинителството на БиХ, но без да објави повеќе детали за тоа. – Не сум уапсен. Гледате дека немам лисици на рацете, кратко одговори Дриновац.

Будимир беше уапсен кон крајот на април, а по едномесечен притвор ослободен врз основа на мислењето на Уставниот суд на неговата жалба.

Обвинителството на БиХ поднесе жалба на одлуката на Судот со која е одбиено барањето за продлжување на притворот и соопшти дека продолжува со истрагата.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина