Притвор за седуммина уапсени во Ужице, адвокатите ја прекинаа работата

Од:

Основниот суд во Ужице денес одреди притвор до 30 дена за седум лица уапсени во тој град, откако го блокираа главниот пат. Судот објави дека седуммината уапсени се осомничени за „напад врз службено лице при вршење на службена должност“.

Меѓу приведените има професори, студенти, адвокати и советници.

Притвор им е одреден на Радован Новаковиќ, Павле Цичвариќ, Бранко Николиќ, Алекса Николиќ, Дејан Ќосиќ, Владан Синѓиќ и Марко Радовановиќ.

Силни полициски сили, во опрема за разбивање нереди, интервенираа во недела, 6 јули, во вечерните часови додека граѓаните седеа на главниот пат во тој град.

Според полициското соопштение, околу 350 граѓани го пробија полицискиот кордон во недела навечер, излегоа на државниот пат и го блокираа сообраќајот.

Демонстрантите во Ужице ја обвинија полицијата за прекумерна сила за време на блокадата. Протестите во тој град продолжија и во следните денови.

Управниот одбор на Адвокатската комора на Србија (АКС) одлучи да воведе тридневна суспензија на работата, по одлуката за притвор на нивниот колега Радован Новаковиќ.

Адвокатите ја суспендираат работата, со минимум работни процеси. Одлуката за суспензија стапи на сила денес во 12:00 часот.

„За време на суспензијата на работата, адвокатите можат да доставуваат до судовите, обвинителствата и државните органи што учествуваат во кривичните постапки само оние поднесоци што го спречуваат истекот на преклузивните рокови“, се наведува во одлуката на АКС.

Би можело да ве интересира

Започна студентскиот протест пред Владата на Србија

Горан Наумовски

Став на српското МВР за инцидентите во Нови Сад: Полицијата интервенираше согласно законот, засега се уапсени три лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицијата интервенираше во ДИФ во Нови Сад, се слушаат топовски истрели, граѓаните се потиснати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Медицинскиот факултет во Нови Сад објавија дека кампусот е окупиран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тензично е во Нови Сад

Горан Наумовски

Положен е венец пред Железничката станица во Нови Сад

Горан Наумовски