Притвор за поранешниот началник на белградската полиција поврзуван со Беливук

Од:

Високиот суд во Белград му одреди притвор до 30 дена на поранешниот шеф на полицијата во Белград, Илија Милачиќ, осомничен за откривање на службена тајна.

Судија на претходна постапка му одреди притвор поради опасност тој да го повтори делото за краток временски период, соопшти судот.

Српските медиуми пишуваат дека тој ги пренесувал информациите до познат бизнисмен кој пак бил поврзан со групата на уапсениот Вељко Беливук.

Милачиќ и неговиот адвокат имаат право на жалба на оваа одлука до кривичниот вонсудски совет на судот.

Портпаролот на обвинителството Ивана Ракошевиќ за Танјуг прецизираше дека Милачиќ е обвинет за кривично дело според член 98 од Законот за тајност на податоците, сторено во периодот од април 2020 година до денес.

Во зависност од формата, за кривичното дело објавување службена тајна може да се изрече казна затвор од шест месеци до осум години.

Би можело да ве интересира

Вељко Беливук и Дарко Шариќ обвинети за уште четири убиства

Обвинителството бара 221 година затвор за дилерите на Беливук

Валканите тактики на кланот на Беливук: Ги откажуваат адвокатите пред сведочењето на единствената преживеана жртва

Беливук: Уште еден член на групата ќе стане обвинет-соработник на обвинителството

Првата жртва на кланот на Беливук беше брутално убиена пред точно 4 години

Ана Ололовска

Куќа на ужасот: Прегледани 1000 морничави слики од куќата на Беливук во Ритопек

А1он