Приштинска телевизија: Нема докази за трговија со органи на Косово

Од:

Приштинската телевизија „Клан Косово“ објави дека специјалниот истражувачки тим на чело со американскиот обвинител, Клинт Вилијамсон, не открил докази за трговија со органи на Косово во тек на војната во 1999 година.

Како што тврди оваа телевизија која што е блиска со косовскиот премиер Хашим Тачи, извештајот ќе биде објавен за два месеци и во него ќе бидат отфрлени наводите на специјалниот известувач од Советот на Европа, Дик Марти за трговија со орани на киднапираните Срби. -Не можам да кажам дека ова е изненадување за нас, иако се надевавме дека овој пат меѓународната заедница ќе се обиде да работи професионално и без пристрасност во рамки на доказите, правдата и вистината. Но како што беше и до сега, тие во потполност се на страна на екстремистите и сеционистите на КиМ, со цел да ги оправдаат злосторствата кои се случија над Србите, изјави Наташа Шќепановиќ, претседателка на Здружението на настрадани на КиМ во периодот од 1998 до 2000 година.

Портпаролот на обвинителот, Вилијамсон Жоа Соуз за агенција „Бета“ вели дека нема да ја коментира истрагата која е во тек, ниту медиумските шпекулации. -Не сакаме да го прејудицираме резултатот од истрагата, тој ќе биде објавен- кратко наведе Соуз. Според меѓународни извори, Вилијамсон по претставување на извештајот ќе ја напушти функцијата шеф на специјалниот тим, а на негово место ќе дојде повторно Американец.

Новиот обвинител ќе ја насочи истрагата само на 12 случаи на воени злосторства, за кои екипата на чело со Вилијамсон пронајде докази дека за случиле по 12 јуни 1999 година. Станува збор за индивидуални злосторства, зад кои не стои организирана криминална група.

Доколку се утврди дека овие сознанија се точни, ќе се остварат и најцрните сомнежи дека и по извештајот на Дик Марти за озлогласената Жолта куќа, каде што на заробените Срби им биле вадени органи за трговија, злосторниците на овој гнасен чин нема да одговараат.

-Штом толку долго се чекаше крајот на истрагата, а при тоа немавме ниту една информација до каде е истата, тоа укажуваше дека некој ја контролира истрагата и сака да ги заштити луѓето што се на власт во Приштина, поранешните команданти на терористичката ОБК, додаде Шќепановиќ.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица