Приштина: Спречен српско-руски план за палење на граничен премин меѓу Косово и Србија

Од:

Косовскиот вицепремиер задолжен за евроинтеграции и дијалог, Беник Бислими вели дека на вчерашниот протест на српски екстремисти на границата со Косово постоел српско-руски план за палење на граничниот премин Јариње, но Белград се откажал од неговата реализација, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешната објава на неговата страница на Фејсбук, Бислими тврди дека анализата на косовските безбедносни институции покажува дека „вистинскиот автор“ на вчерашниот протест на српско-косовскта граница е рускиот претседател, Владимир Путин.

Според првиот косовски преговарач во дијалогот со Србија, планот на српско-руските служби за предизвикување поголем инцидент бил осуетен од косовските безбедносни механизми, во соработка со западните сојузници, пред сé со САД.

– Без оглед на тоа што српската полиција вчера се појави запирајќи ги хулиганите да не го запалат Јариње, тоа не е ништо друго освен чин на повлекување од српска страна, откако увиде дека нешто такво ќе им пропаднеше. Овој план беше спречен од институциите на Република Косово (посебно безбедносните механизми), во соработка со западните партнери (пред сé Американците), напиша Бислими.

Тој порача дека, „како што Србија ги има за сојузници Русија и Кина, Косово ги има Западот и САД“.

– Тие ја претставуваат агресијата, ние ја претставуваме слободата, напиша Бислими.

Вчера, 18 декември, на српската страна на премиенот Јариње, се одржа протестен собир на српски екстремисти, за кои се вели дека биле организирани од руската група „Вагнер“, во знак на поддршка на косовските Срби кои веќе десет дена ги блокираат патиштата во тој дел од Косово. Од протестот беа објавени видео-снимки и фотографии на маскирани лица вооружени со калашникови.

Косовските институции и амбасадите на САД и на неколку западни земји повикаа на отстранување на барикадите, а косовскиот премиер, Албин Курти денеска изјави дека нема да дозволи тие да останат уште долго време. Курти изјави дека за отсранување на барикадите властите се во постојан контакт со мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, која побарала „уште малку време“ пред да ги преземе потребните дејствија за укинување на блокадите во тој дел од државата.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот