Приштина се повлече во случајот со „Трепча“

Од:

Владата на Косово одлучи од собраниска процедура да ги повлече измените од Законот за јавни претпријатија, што денеска требаше да го разгледува Собранието на Косово, и да донесе посебен закон за комбинатот „Трепча“, јави РТС.

Косовската Влада соопшти дека измените на Законот за јавни претпријатија се повлечени поради фактот дека во нив не се прецизно дефинирани роковите за обврските кои „Трепча“ ги има кон кредиторите.

На седницата на косовската Влада е одлучено да се изработи посебен закон за „Трепча“, во кој би биле прецизирани сите прашања битни за фирмата која е една од најзначаните економски фактори на Косово.

На седницата на Владата присуствуваа и претставници на Српската листа во Владата на Косово и се согласија со одлуката да се повлечат измените на законот.

Претходно, порталот Коха.нет објкави дека премиерот на Косово Иса Мустафа одлучил да ги повлече од собраниска процедура измените на Законот за јавни претпријатија и да се подготви посебен закон за „Трепча“.

Според порталот, повод за таквата одлука било тоа што во новиот закон за јавни претпријатија не е предвиден начинот за измирување на обврските од 1,4 милијарди евра, кои според проценките, ги има „Трепча“.

Порталот наведе дека одлуката донесена синоќа по разговори кои Мустафа заедно со заменик премиерот Хашим Тачи и министерот за правда Хајредин Кучи, ги имал со амбасадорите на западни земји.

Работници на „Трепча“ од северот на Косово одржаа денеска протести во општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ поради намерите на косовската Влада таа компанија да ја претвори во јавно претпријатие.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда