Приштина: Косово е подготвено за секаков напад, имаме нови модели на оружје

Од:

Пратеникот на Самоопределување Мефаиљ Бајчиновци изјави дека Косово е подготвено и има доволно оружје да одговори на евентуален напад, пренесува Репортерс.

„Косово е подготвено за секаков напад. Владата, полицијата и безбедносните агенции се подготвени. Вооружени сме и имаме финансиски средства“, рече Бајчиновци.

„Косово има капацитет затоа што има искуство во оваа област. Има оружје, оружје е купено. Моделите се нови. Со ова што го имаме, земјата ќе биде заштитена“, рече тој.

Албин Курти во последните месеци често ги повторуваше во медиумите своите изјави за можна војна на Косово и обвинувањата против Србија, потсетува Косово онлајн.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски