Приказната дека убиецот на навивачот на АЕК е Грк треба да се земе со резевра пишуваат Хрватите

Од:

Динамо замина од Атина и се врати во Загреб, но полицијата загрижена за безбедноста на сините не ги однела на меѓународниот атински аеродром, туку на помал, од каде со чартер си заминале дома. По слетувањето во Загреб, тие не дадоа изјави за насобраните новинари.

Грчката полиција е во прблеми околу тоа како да ја гарантира безбедноста на сините кога ќе се вратат во Атина за натпреварот на 19 август. Некои дури велат дека е невозможно да се гарантира целосна безбедност. Направија големи пропусти и настана хаос со Бед блу бојс, па сега полицијата е паника.

Во хрватските и грчките медиуми се појави информација дека убиецот на Михалис не бил Хрват, како што цел ден тврдеа Грците, туку Грк. Сепак, ова треба да се сфати со одредена претпазливост, бидејќи веста дојде од неофицијални извори блиски до навивачите, вистината од две страни од навивачите и на Динамо и на Панатинаикос, но конечната информација за кого се работи ќе ја даде полицијата пишува Јутарњи лист.

Има најави дека веќе денеска навивачите, барем некои од нив, би можеле да се појават пред судија, но пред тоа треба да се знае кој за што се товари. Четворица Грци од вкупно 98 приведени лица биле пуштени, сите биле во болница, тројца дале изјава, а четвртиот не можел. Ослободени се и хрватските туристи, сите девет, кои по грешка биле задржани во хотел. Тие се жртви на овој хаос.

Грците патролираат по границите и ги бараат припадниците на БББ. Од автобус беше изваден 19-годишен Хрват кој тргнал за Тирана, а на друга локација на Евзони, на преминот кон Македонија, беа приведени се седуммина. Полицијата нема докази дека учествувале во тепачката, но во нивниот автомобил биле пронајдени ножеви.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од хрватскиот вицепремиер како пука од автомобил на улица, си поднесе оставка

(ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Куриозитети од изборите во Хрватска: Во место во Далмација, Милановиќ ги доби сите гласови

Признание за мене, но и порака за власта, порача Милановиќ во победничкиот говор

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ