Преживеаните од земјотресот во Италија низ солзи: Нашата иднина заврши

Од:

Се што остана од Аматриче се рушевини. Овој викенд, Аматриче требаше да биде домаќин на фестивалот на шпагети, но наместо тоа, локалните граѓани одвај поминуваат низ улиците, дезориентирани, збунети, тажни., пренесува Си Ен Ен.

Досега 290 луѓе загинаа во овој регион, властите велат дека најмалку 230 загинале за време на земјотресот, а има и лица кои се уште се водат како исчезнати.

Куќата на Роберто Партенца е целосно уништена. Тој објаснува како се разбудил од прегласен звук.

„Се се тресеше. Ја прегрнав сопругата бидејќи мислев дека тоа се последните секунди од нашите животи“, раскажува Партенца.

Тие веднаш станале, ги земале своите деца и неколку парчиња облека и веднаш излегле. Но, други и не биле толку среќни.

Земјотресот бил трка со времето за брза реакција. Далечината на градот од другите градови значело дека први кои ќе пребаруваат преживеани низ рушевините се оние како Роберто Партенца. Тој и многу други веднаш започнале да бараат преживеани.

„На почетокот копавме со раце. Слушавме гласови кои молеа за помош. Малку подоцна, првиот спасувачки тим дојде на помош, рече Патренца.

Земјата продолжи да се тресе и во наредните три дена. Дури сега доаѓа соочувањето со најстрашното.

„Иднината е завршена. Завршена е. Мојот син имаше бизниси тука. Се е уништено. Што да правиме? Сакам да останам тука, но сите си заминуваат. Не знам што понатаму“, вели низ солзи 58 годишната Мариса Ди Томасо.

Дел од луѓето се вратиле назад, со цел да видат што останало од нивните куќи. Се собираат тивко на плоштадите, каде се надеваат дека ќе ги видат повторно своите пријатели, за кои не се ни сигурни дали преживеале. Велат, исплашени се од тоа што го гледаат.

Би можело да ве интересира

Пет работници загинаа во Палермо

Два силни земјотреси го погодија Тајван

Горан Наумовски

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Силен земјотрес го погоди островот Јава

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија