Претседателот на Република Српска парично казнет поради говор на омраза

Од:

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, доби парична казна поради говор на омраза во текот на предизборната кампања.

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина го казни кандидатот на Сојузот на независните социјадемократи (СНСД) за член на Претседателството на БиХ од Република Српска, Милорад Додик, со пет илјади конвертибилни марки, околу 2 500 евра, поради говор на омраза во текот на предизборната кампања.

Партијата, пак, е казнета со седум илјади конвертибилни марки или околу 3 500 евра.

„Не предизборниот митинг во Билеќа на 22 септември Додик користел јазик кој некого би можел да наведе или да поттикне на насилство или ширење омраза“, се наведува во одлуката.

Додик во говорот на 22 септември му се закани на Давор Драгичевиќ, татко на убиеното момче Давид Драгичевиќ кој од 20 септември деноноќно престојува на Плоштадот Крајина во Бања Лука. „Што ќе прави тој. Изнел кревет на плоштадот и мисли дека е фраер. На 8 октомври веќе нема да го има“, рекол Додик.

Тој е казнет и дека на митингот му се заканувал на политичарот Дражен Дунџер.

Би можело да ве интересира

Додик: Ќе продолжам да победувам во Република Српска

Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство

Додик: Република Српска не го загрозува мирот во Босна и Херцеговина, се друго е лага

Дачиќ: Додик и Стевандиќ се државјани на Србија

Горан Наумовски

Додик: Следната недела ќе се вратам во БиХ

Горан Наумовски

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он