Претседателот на Република Српска е хоспитализиран во Универзитетскиот клинички центар

Од:

Синиша Каран, претседателот на Република Српска, денес беше примен во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска.

Според неофицијални информации од „Независне новине“, тој е хоспитализиран поради вирусна инфекција која претходно му била дијагностицирана, а која во меѓувреме предизвикала дополнителни компликации. Според информациите, Каран имал мал излив околу срцето и бил задржан на тестови. Неговата состојба е стабилна и нема сериозни здравствени проблеми.

Според Кабинетот на претседателот, Синиша Каран е во стабилна здравствена состојба и е под постојан медицински надзор.

– Јавноста ќе биде навремено информирана за здравствената состојба на претседателот на Република Српска – се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Уапсен командантот на одбраната на Сребреница и поранешна пратеничка во парламентот на Република Српска

ВИДЕО: Синот на Милорад Додик нов премиер на Република Српска

Катерина Ѓуровски

Нови тензии во БиХ: Повторно се отвора прашањето за поделба на државата

Додик: Република Српска е подготвена да биде партнер на сите, но никому слуга

Додик: Врските меѓу Србија и Српска нема да бидат прекинати од оние кои сакаат Србите да се откажат од сопствениот народ

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он