Предлог за одржување донаторска конференција за помош на Србија и БиХ

Од:

Словенечката премиерка Аленка Братушек предложи на неформален состанок на шефовите на земјите-членки од ЕУ да се одржи донаторска конференција за помош на Србија и БиХ во кои неодамна беа причинети огромни штети поради поплавите.

Братушек верува дека ваква конференција ќе биде организирана, а претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо смета дека е најдобро да се почека додека се направат проценки за штетите од водената стихија.

– Комисијата интензивно работи во координација со земјите-членки за да им се помогне на државите од Балканот, истакна Баросо.

Тој потсети дека ЕУ веднаш по првите повици за помош од Србија и БиХ испратила експерти, чамци и хеликоптери за помош на загрозеното население.

Би можело да ве интересира

Големи поплави зафатија делови од Мека и Медина во Саудиска Арабија

(ВИДЕО) Силно невреме во Грција: На неколку места е прогласена вонредна состојба

Горан Наумовски

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата