Предкривична постапка против мајката на детето-убиец од Врачар – се огласи Обвинителството

Од:

Вишото јавно обвинителство Белград презема предкривичната постапка од Првото основно јавно обвинителство против мајката на К.К.

Потсетуваме, К.К., 13-годишно момче, на 3 мај уби осум ученици и обезбедувач во основното училиште „Владислав Рибникар“, а ги рани наставничката и уште шест ученици, од кои еден почина во меѓувреме.

Случајот е преземен заради концентрација на докази, бидејќи пред Обвинителството во Белград веќе се води кривична постапка против таткото на момчето.

„Преткривичната постапка против мајката се води со цел да се утврди дали во нејзините дејствија се содржани елементите на кривичното дело Запуштање и злоупотреба на малолетно лице, додека за таткото се води истрага за кривично дело Тешки дела против општата безбедност, а ќе се испита и дали во своето дејствување евентуално се стекнува со елементите на кривичното дело Запуштање и злоупотреба на малолетно лице“, се наведува во соопштението на Обивинителството.

Инаку, на Градскиот центар за социјална работа му е наложено да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на момчето (13) и за ова да поднесе извештај до обвинителството, како и да утврди дали претходно семејство било во евиденцијата на институцијата.

„Откако до обвинителството ќе бидат доставени извештаите на Полициската управа за град Белград и Градскиот центар за социјална работа, јавноста без одлагање ќе биде информирана за натамошниот тек на постапката и донесените решенија“, се наведува во соопштението.

Клучното прашање на кое мајката требаше да одговори во текот на рочиштето беше што последно и кажал синот пред да го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“.

Исто така, Вишото јавно обвинителство апелира до медиумите да не објавуваат фотографии и имиња на жртви во трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“.

Би можело да ве интересира

Во училиштето „Владислав Рибникар“ немало врсничко насилство кон детето-убиец

Катерина Павлова-Николовска

Психолог и педагог во полиција објаснуваа дали убиецот од Врачар се однесувал невообичаено пред пукањето

(ВИДЕО) „Кој е крал – убиецот Коста или жртвите“ – Ужасна игра на ТикТок, деца бираат меѓу убиецот и жртвите

Анита Петровска Рајковиќ

Вештак со стручно мислење за момчето-убиец од Врачар: „Веруваше дека е подобар од сите, а потоа стави маска“

Девојче од белградско училиште направи листа на ученици кои сака да ги убие: Покрај имињата на врсниците, таа нацртала и нож

Горан Наумовски

Објавен деталниот исказ на мајката на момчето кое го изврши масакрот во Врачар

Горан Наумовски