Пред вечерашниот протест во Тирана, американската амбасада ги повика своите граѓани да ја избегнуваат толпата

Од:

Пред вечерашниот протест свикан од Сали Бериша, американската амбасада во Тирана ги предупреди своите граѓани кои живеат во албанскиот главен град да се „оградат од протестот“ и ги предупредува да ги избегнуваат патиштата каде минуваат демонстрантите.

Во соопштенето објавено од амбасадата се наведува дека во 19:00 часот е планиран протест пред владата и се додава дека „овие протести имаат потенцијал да се прелеат на околните улици предизвикувајќи сообрајќаен метеж, пренасочување и затворање на патиштата“.

-На граѓаните на САД им се препорачува да избегнуваат големи собири во градот. Додека многу големи настани се одвиваат мирно, некои ситуации може да се сменат брзо и непредвидливо. Следете ги локалните медиуми и упатствата на локалните органи за спроведување на законот за најновите информации,советува амбасадата.

Протестот е највен за 19 часот а за безбедноста ангажирани се 1200 полициски службеници од сите сектори, како и припадници на специјалните единици.

Бериша и денеска упати апел до граѓаните масовно да се приклучат на протестот за да ја „изразиме со наш протест одлуката на Албанците да ја спасат Албанија од клептократскиот режим на Еди Рама“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он