Пред шест дена исчезна девојче од Хрватска, семејството моли за помош

Од:

Анита Јелиниќ (15) исчезна на 31 март во градот Залужница кај Оточац, Хрватска, а семејството со денови трага по нивната ќерка.

„Се плашиме. Ги молиме сите да ни помогнат“, вели нејзиното семејство.

„Контактиравме со сите нејзини пријатели и познаници, но нема трага од неа. Веќе шести ден ја нема. Со сопругот не сме добро, на апчиња сме. Само сакаме да си дојде дома и да биди добро“, рекла низ солзи мајката на исчезнатото 15-годишно девојче.

Девојчето е високо 160 сантиметри, има кафена коса и кафени очи. Во моментот на исчезнувањето таа носела црно-црвена тренерка и црни патики.

Полицијата ги замолува граѓаните доколку имаат информации за Анита да ја известат најблиската полициска станица или да се јават на 192. Информации може да се достават и на е-маил адресата: [email protected].

Би можело да ве интересира

Притворена е мајката која со тригодишната ќерка влезе во Сава, по детето се уште се трага

Горан Наумовски

Андреа е второто девојче кое исчезна во Франција за неколку дена

Грчката полиција бара помош: Исчезна 15-годишно девојче

Се огласи мајката на Данка: „Само да се врати жива, тогаш ќе зборуваме за се“

A1on

Објавени фотографии од тунелите, Данка ја нема ниту таму

Предраг Петровиќ

Соседот на исчезнатата Данка детално опиша што се случило кобниот ден

Горан Наумовски