Пожар во училиште во Подгорица, учениците скокале од прозорци за да побегнат

Од:

Во средно машинско училиште во Подгорица утрово избувнал пожар, во кој за среќа нема повредени, објавија регионалните медиуми.

На дел од снимките кои беа објавени на социјалните мрежи може да се види како учениците надвор скокале преку прозорците.

Во соопштението на противпожарната служба се наведува дека во пожарот изгорел автомобил „југо“ кој се користел за практична настава.

Исто така, изгорел и дел од инвентарот на гаражата и алат, а од чадот настанала и помала штета во блиските простории.

„Два тима беа испратени на местото на настанот, а пожарот беше ставен под контрола во 10 часот и 5 минути“, соопштиле од противпожарната служба.

Директорот на училиштето изјавил дека за времето на пожарот во просторијата имало четворица ученици и професор.

Би можело да ве интересира

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Пожарот кај Шибеник го гаснат повеќе од 50 пожарникари и „канадери“

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов