Пожар избувна во затвор во Сплит, седум лица завршија во болница

Од:

Пожарот што избувна во затворот „Билице“ е изгаснат од страна на затворскиот персонал, а пожарникарите ги евакуираа затворениците, од кои неколку побараа медицинска помош поради вдишување чад и беа пренесени во Сплитската болница, соопшти Центарот за противпожарни операции во Сплит.

„Добивме пријава за пожар во една од ќелиите на затворот Билице околу 21.30 часот и по пристигнувањето на шест пожарникари со возило, затворскиот персонал веќе го изгасна поголемиот дел од пожарот, а пожарникарите веднаш ги евакуираа затворениците“, изјавија од Противпожарниот центар за Хина.

Десет лица побарале медицинска помош. Седум од нив се задржани во болница на понатамошно лекување, додека три лица се вратени во затворот по добиената помош, соопшти полицијата.

Местото на настанот е обезбедено веднаш по избувнувањето на пожарот, а денес ќе се спроведе истрага на лице место за да се утврдат околностите и причината за пожарот.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче