Пожар избувна во нуклеарната централа Козлодуј во Бугарија

Од:

Во машинската просторија на петтата единица на нуклеарната електрана Козлодуј во Бугарија денеска избувна пожар, што предизвика итна реакција на вработените во централата.

Поради густиот чад во просторијата, на местото на настанот била повикана противпожарната служба, а екипите на терен веднаш започнале со замена на оштетената опрема.

Од раководството на централата соопштија дека ситуацијата е под целосна контрола и дека нема опасност за луѓето или за околината. Работниците остануваат во готовност додека инцидентот не биде целосно саниран.

Нуклеарната централа Козлодуј се наоѓа околу 120 километри северно од Софија, во близина на границата со Романија. Таа е единствената нуклеарна централа во Бугарија, со два активни реактори од по 1.000 мегавати, кои обезбедуваат околу 30 проценти од електричната енергија во земјата.

Четирите постари реактори со моќност од по 440 мегавати беа исклучени во 2002 и 2006 година, во согласност со условите за пристапување на Бугарија кон Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Колона возила кај граничниот премин Делчево поради електронска проверка на патници без ЕУ пасоши

Бугарија: Акцискиот план за заедниците во Македонија не треба да биде спор поради јазикот на документот

Од денеска во Бугарија се плаќа во евра

Муцунски: Сакаме да постигнеме достоинствено и соодветно решение со нашиот сосед Бугарија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се степаа пратениците во бугарскиот парламент

Софија ја поддржа позицијата на Италија, Белгија и Малта за замрзнатите руски средства