Земјотрес со јачина од 3, 5 степени по Рихтеровата скала е регистриран ноќеска во областа Петриње. Според Европскиот сеизмолошки центар земјотресот се случил во 1.23 часот по полноќ, на 14 километри од градот Сисак.
M3.4 #earthquake (#potres) strikes 14 km S of #Sisak (#Croatia) 14 min ago. Updated map of its effects: pic.twitter.com/ohskOmrPVL
— EMSC (@LastQuake) June 10, 2021
Земјотресот се смета за умерен, но жителите од околните места, како што пренесуваа хрватските медиуми сведочат дека потресот бил многу силен.
„Се тресеше како експлозија“… „Страшен звук, а потоа и тресок, ја потресе целата куќа.“ – велат дел од жителтите.
Според Хрватската сеизмолошка служба земјотресот се случил 8 километри јужно од Петриње. Ова место во декември минатата година го погодија серија земјотреси во кои имаше жртви и голема материјална штета.