Во пет минути до 22 часот повторно имаше земјотрес во Албанија со јачина од 4,2 степени според рихтеровата скала.
Епицентарот е на 23 километри од Драч, и со длабочина од 10 километри. И овој земјотрес предизвика вознемиреност кај жителите на Драч кои ги напуштија своите домови.
Земјотресот со послаб интензитет беше почувствуван и кај жителите во западна Македонија.