Поврзани гасоводите ТАП и ТАНАП

Од:

На церемонија на границата меѓу Грција и Турција беше извршено поврзување на „Трансјадранскиот гасовод“ (ТАП) и „Трансанадолскиот гасовод“ (ТАНАП).

Како што јави АНА-МПА, на церемонијата присуствуваа претставници на двете компании, кои стопанисуваат со гасоводите.

Во соопштението по повод поврзувањето на двата гасоводи се наведува дека ова претставува „важен момент во реализацијата на проектот „Јужен гасен коридор“, со кој ќе се зголеми енергетската сигурност и диверзификацијата на изворите на енергенси“.

Преку „Јужниот гасен коридор“, формиран со поврзувањето на ТАНАП и ТАП, природен гас од азербејџанското наоѓалиште „Шах Дениз 2“ во Каспиското Море ќе се дистрибуира до Турција, а од таму преку Грција и до Италија.

Генералниот директор на ТАП, Лука Скепати изјави дека поврзувањето на двата гасоводи претставува важен чекор напред, најавувајќи дека дистрибуцијата на гасот преку оовј кориодор ќе започне во 2020 година.

ТАНАП почнува во Азербејџан и преку Грузија завршува во Турција, додека ТАП стратува во Грција и преку Албанија и Јадранскоот Море оди до Италија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент