Според последните податоци на српската Влада, 905.340 лица се вакцинирани против коронавирус во Србија.
Според бројот на вакцинирани на милион жители, Србија е втора во Европа, по Велика Британија.
Во светот, Србија е на седмото место по бројот на вакцинирани на милион жители, по Израел, Сејшели, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија, САД и Бахреин.
Србија е убедливо прва во регионот според вакцинациите на милион жители, потоа следуваат Романија, Словенија, Унгарија, Хрватска, Бугарија и Албанија.
Според вкупниот број вакцинирани, Србија е втора во регионот, по Романија.