Повеќе од 210.000 граѓани го напуштија Косово откако Курти е на власт

Од:

Повеќе од 210.000 граѓани го напуштиле Косово откако на власт дојде премиерот Албин Курти, покажуваат податоците од Заводот за статистика на ЕУ.

Според „Демократија“ со седиште во Приштина, стотици илјади граѓани на Косово одлучиле да изберат една од европските земји наместо Косово за време на мандатот на Курти.

Според статистиката неодамна објавена од Заводот за статистика на Европската Унија, повеќе од 360 илјади граѓани на Косово добиле дозволи за престој во европските земји од 2015 до 2024 година, а најмногу од 2020 година, кога Курти ја презеде функцијата шеф на Привремените институции – 210.442.

Овие податоци не ги вклучуваат граѓаните од Косово кои добиле дозвола за престој во САД, Велика Британија, Канада или оние кои нелегално престојуваат во земјите на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Симиќ: Во експозето на Курти нема Срби, ниту пак правата што ни се гарантираат со Устав не ни се загарантирани

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Курти доби мандат за формирање на нова косовска Влада

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски