Повеќе хрватски градови погодени од силно невреме

Од:

Силно невреме денеска ги погоди Загреб, Риека и уште неколку други хрватски градови.

Во Загреб врне пороен дожд и дува силен ветер, проследено со грмотевици и молњи, додека во Риека врне дожд, има силен ветер и големи бранови, јави загрепскиот портал Индекс.

Силен ветер крши гранки, а засега нема информации дали некаде е предизвикана поголема материјална штета.

Во делови на Хрватска почна да паѓа снег, а кај Бјеловар е забележана појава на град. Силен ветер дува и во Загреб, а бура мина и низ северниот дел на таа земја.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Далмација

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Пленковиќ: Владата ги заштити граѓаните од високите цени

ВИДЕО: Во Хрватска бојкот на продавниците поради превисоките цени

Катерина Ѓуровски

Хрватското МНР им препорачува на Хрватите да не патуваат во Србија

А1он