Потврдено првото обвинение против Ивица Тодориќ, сопственикот на „Агрокор“

Од:

Обвинителскиот совет на Жупанискиот суд во Загреб го потврди првото обвинение против некогашниот сопственик на „Агрокор“, Ивица Тодориќ, пренесоа хрватските медиуми.

-Одлуката за тоа кога конкретната одлука ќе биде објавена ќе ја донесе претседателот на Обвинителскиот освет во договор со членовите на советот. Со оглед дека станува збор за сложена постапка, проценката е дека конечната одлука ќе се донесе на 17 декември, најави минатата недела портпаролот на Жупанискиот суд, Крешимир Девчиќ, вднаш по првата оддржана седница на Обвинителскиот совет во првата постапка против Ивица Тодориќ во аферата „Агрокор“.

Ивица Тодориќ уште од 2017 година се наоѓа под истрага за незаконско стекнување со повеќе од милијарда куни, пренесува Индекс.

Со истата истрага се опфатени и неговите синови Иван и Анте Тодориќ, како и 12 менаџери и ревизори на компанијата „Агрокор“.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин