Потврдено обвинението за воени злосторства против Оливер Ивановиќ

Од:

Меѓународен судија го отфрлил како неосновано, барањето на одбраната за ослободување од обвиненијата за воени злосторства подигнати од Основниот суд во Косовска Митровица против спрскиот политичар од северниот дел на Косовска Оливер Ивановиќ.

Обвинението за тешки убиства не е повлечено и за остантите четворица Срби.

Според електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“ останатите четворица се Драгољуб Делибашиќ, Илија и Небојша Вујачиќ и Александар Лазовиќ.

Во соопштението на европската мисија за спроведување на законот, Еулекс стои „тројца се обвинети за тешки убиства и обиди за тешки убиства, додека двајца од обвинетите се товарат за поттикнување на вршење на овие дела. Еден од нив се товари за воени злосторства“.

– Оливер Ивановиќ, претседател на граѓанската иницијатива Србија, правда, и демократија, беше уапсен на 27 јануари, под обвинение за воени злосторства извршени во 1999 и за тешки убиства во 2000 година, стои во написот на „Експрес“.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица