Потрага по алпинисти на границата помеѓу Хрватска и Босна

Од:

Снежна лавина зафати четворица алпинисти на највисокиот врв Камешнице, на планина помеѓу границите на Хрватска и Босна и Херцеговина.

Тројца од нив се надвор од животна опасност, а потрагата за четвртиот алпинист се уште трае.

Хрватската горска служба за спасување ХГСС, соопшти дека вечерва и покрај невремето, 60 припадници на службата заедно со колегите од Ливна и понатаму го бараат алпинистот што исчезна.

На пат се и спасители од Огулина, а утре се очекува да пристигнат уште помош.

Тројцата повредени алпинисти со хеликоптер на Хрватското воено воздухопловство се пренесени во болниците во Сплит и Ливна, но не се во животна опасност.

ХГСС дојавата за несреќата ја примиле околу 14 часот, од еден од алпинистите зафатени во лавината.

Хрватските медиуми наведуваат дека станува збор за лавина која е долга околу 500 метри, и која се покренала на надморска височина од околу 1.500 метри.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Хрватска

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Хрватите негодуваат на концертите на Александра Пријовиќ: „Системски план на српскиот свет“

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка