Постигнат договор за формирање Совет на министри во БиХ, за ЕУ тоа е важен чекор напред

Од:

После девет месеци постигнат е договор во рок од 30 дена да се формира Совет на министри на Босна и Херцеговина.

На синоќешниот состанок во Сараево во организација на Мисијата на ЕУ во БиХ, лидерите на политичките партии во таа земја постигнаа договор за формирање Совет на министри и потпишаа Принципи за формирање власт на ниво на држава.

– Со оваа одлука ќе се деблокира Претставничкиот дом и Домот на народи, и ќе се создадат услови за работа на заедничките институции на ниво на БиХ, изјави српскиот член на Претседателството на земјата Милорад Додик. Тој посочи дека дал целосна поддршка на договорот, бидејќи не било лесно да се преговара.

– Од клучно значење за нас, што е и наведено во заедничката изјава, а всушност е програма за работа на следниот Совет на министри и парламентарното мнозинство на државно ниво, како приоритет е јасно назначено спроведувањето на пресудите од домашните и европските судови кои се однесуваат на изборниот закон на БиХ, а со цел обезбедување уставна и институционална рамноправност на народите и граѓаните, како и нивно легитимно претставување согласно изборната волја, истакна хрватскиот член на Претседателството Драган Човиќ.

Како што пренесува Фена, во договорот има 12 принципи, меѓу кои рамка за понатамошна соработка со НАТО, деблокирање на работата на Парламентарното собрание на БиХ и формирање нов состав на Советот на министри во следните 30 дена. Во третата точка е договорено БиХ да го продолжи патот кон НАТО, без прејудицирање на идните одлуки во врска со членството. Нагласено е дека за прашањето за НАТО ќе продолжи соработката и продлабочувањето на односите со Алијансата со почитување на Уставот и претходните одлуки на Претседателството и Советот на министри. Во случај на неименување на Совет на министри во следните 30 дена, овој договор е ништовен.

Со реакција веднаш се огласи и ЕУ, која оцени дека договорот меѓу политичките лидери во БиХ е од клучна важност за напредокот на земјата во процесот на интеграција во Унијата. Портпаролката на ЕУ истакна дека договорот е постигнат со посредство на специјалниот претставник на Унијата во БиХ Ларс-Гунар Вигемарк, што е важен чекор напред пред сè за земјата и нејзините граѓани. Во изјавата уште се посочува дека политичките партиии цврсто се определиле да воспостават функционална власт и да продолжат со спроведување на неопходните законодавни и социоекономски реформи, и за конкретни чекори во клучната област на борба против корупција и организиран криминал.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина