Постигнат е договор за формирање локална власт во Подгорица меѓу сојузот на Движењето Европа сега-демократска Црна Гора, Движењето за Подгорица и алијансата „За иднината на Црна Гора“, јавува РТЦГ.
Градоначалник ќе биде функционерот на ПЕС Саша Мујовиќ, претседателката на Собранието на главниот град ќе биде Јелена Боровиќ Бојовиќ во име на коалицијата „За иднината на Подгорица“, додека заменик-градоначалник ќе биде Наѓа Љиљаниќ од Движењето за Подгорица.
Новата локална власт треба да има поддршка од 31 советник во локалниот парламент кој има 59 советнички места.