Посмртните останки пронајдени во близина на Јосиндол и припаѓаат на Антонија Билиќ

Од:

Со ДНК анализа на човечките коски пронајдени во вторникот во Модруш кај Јосиндол во долината Огулин-Плашки, потврдено е дека тоа се посмртните останки на исчезнатата 17-годишна Антонија Билиќ од Дрниш, соопштено е вечерва на вонредна прес-конференција за новинари на Жупаниското обвинителство во Карловац.

Анализа е изведена во Институтот за судска медицина во Загреб, пренесува Хина.

За убиството на Антонија Билиќ, на 40 години затвор минатиот месец беше осуден Драган Паравиња, во чиј камион девојката влегла на 7 јуни минатата година и тоа беше последен пат кога е видена жива.

За малолетната девојка оттогаш е спроведена обемна и долготрајна потрага.

Областа каде што беше пронајдено телото полицијата двапати го пребарала.

Првиот пат само пет дена по исчезнувањето на Антонија, а вториот пат кон крајот на минатата година.

Министерот за внатрешни работи Ранко Остојиќ денеска најави дека полицијата ќе провери да види дали имало пропусти во потрагата по Антонија Билиќ.

Би можело да ве интересира

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

Забранет настапот во Хрватска и на хор од Црна Гора, се противат ветераните

Предраг Петровиќ

Драма во Хрватска: Маж запали две куќи и повреди полицаец

Горан Наумовски

Драма во Загреб: Вооружен маж влезе во болница, за брзо време пристигна полицијата