После расправија за наследство, Романец ја претепа тетката, па жива ја запали

Од:

Полицијата во Романија му одредила притвор до 24 часа на млад човек (33), кој е осомничен дека утрово ја претепал, а потоа жива ја запалил својата тетка во влезот на зградата во Букурешт каде што живеела.

Жената (54), чиј идентитет не се соопштува, била нападната пред бројните соседи кои се обиделе да го задржат младиот човек кој прво брутално ја претепал жртвата, а потоа ја полил со бензин и ја запалил.

Грозоморното убиство го снимиле безбедносните камери кои станарите ги поставиле во влезот пред само неколку дена.

Медиумите јавуваат дека жртвата била тетка на осомничениот, а наводно се расправале за наследството, поточно станот што жртвата го наследил.

Истрагата наводно утврдила дека осомничениот со денови ја следел тетката, а утрово ја чекал на влезот од зградата, каде што почнала расправијата. Се претпоставува дека тој се обидел да ја намами жртвата надвор од влезот, што во еден момент му успеало, но жртвата, веројатно претпоставувајќи што и се подготвува, се обидела да избега назад во станот. За жал, напаѓачот бил побрз и со сета сила ја турнал при што жената паднала во ходникот, а потоа ја удрил со нога, ја полил со бензин и ја запалил.

По неколку часа бил лоциран и уапсен од полицијата, а иако има видео снимки на кои јасно се гледа како жив ја пали тетка си, тој го негира делото за кое е обвинет. На осомничениот веднаш му е наредено итно психијатриско вештачење.

Би можело да ве интересира

Манекенката Ирина Двизова и ќерката Дијана (15) се убиени во близина на хотел во Бодрум

Еден од осомничените за убиството во „Шиша бар“ излезе од притвор: Определени се мерки за претпазливост

Во делови од Романија училиштата се затворени поради снег, нема струја, а патиштата непроодни

Горан Наумовски

Убиена жена во кочанското село Бели, осомничен синот

Во Франција: Вооружени со ножеви нападнаа селски фестивал, убиено момче, ранети 18 лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец во Лос Анџелес уби маж кој лежеше на земја