Поранешниот албански главен обвинител доби статус политички азилант во Италија и избегна екстрадиција

Од:

Поранешниот главен обвинител на Албанија, во периодот 2012-2017 година, Адриатик Лала, се стекна со статус на политички азилант во Италија, со што избегна екстрадција, која албанските, ја бараа од италијанските власти.

-Ваква одлука донел судот во Рим, кој по разгледувањето на барањето на Адриатик Лала, наредил да се одобри барањето, со што се отвора патот за понатамошни постапки за добивање италијанскиот пасош, кој се издава преку структурите на МВР. Извори блиски до Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, велат дека Лала се стекнал со статус на азилат, предизвикувајќи сериозни тешкотии и нула надежи за негова екстрадиција, јави Ора њуз.

Додава дека Адриатик Лала, од септември 2021 година, започнал правна битка во Рим, убедувајќи ја правдата на оваа земја дека неговата екстрадиција и казната со две години затвор во Албанија е политичка а не независна иницијатива.

-Тврдењата на поранешниот главен обвинител Лала се прифатени од Судот во Рим, кој го одобри барањето, со оглед на однесувањето на Лала во периодот додека престојуваше, година и половина, во оваа земја. По добивањето статус на политички азилант и добивањето италијански пасош, веќе нема надеж за негова екстрадиција во Албанија, вклучувајќи го неговиот случај во списокот на оние досиеја кои пропаднале во однос на екстрадициите, констатира телевизијата.

Истрагата против Лала(54) почна само неколку месеци откако тој ја напушти канцеларијата на главен обвинител на Албанија.

Случајот првично го поведе Обвинителството во Драч на 15 март 2018 година под обвинение за „прикривање богатство“, „злоупотреба на службена должност“ и „перење пари“како и за кривично дело „непријавување парични суми на граница“.

Потоа, истото се прогласи за ненадлежно и досието беше испратено до поранешното обвинителство за тешки кривични дела, а во јули 2018 година соодветниот суд нареди заплена на имотот на поранешниот државен обвинител.

Обвиненијата против него беа намалени во 2021 година, кога СПАК, на 9 март, објави дека истрагата ќе продолжи само за кривичното дело „нелегално стекнат имот“ по што судот за тешки кривичн дела, во отсуство, му изрече казна затвор во траење од две години.

Покрај затворската казна, на Лала, му се забрани извршување јавна функција во следните пет години. Исто така донесено е решение за конфискација на стан во Драч од 60 квадратни метри и три хектари обработливо земјиште што го поседувал, а не можел да го оправда потеклото.

На функцијата главен обвинител Лала беше избран во декември 2012 од страна на албанскиот Парламент со 101 глас „за“, со претходно постигнат консензус меѓу политичките партии.

До неговото заминување од функцијата во ноември 2017 година се сметаше за еден од највлијателните луѓе во Албанија, од кого многумина стравувале. Во 2018 година, на Лала му беше забранет влез во САД поради сомневање за вмешаност во корупција. Забрана за влез во САД има и за неговата сопруга и двете деца.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Горан Наумовски