Поранешниот заменик шеф на ЦИА за Балкан, Стивен Маер изјави за Новости дека не верува оти Вашингтон ќе се спротистави на промена на граници на Балканот. Тој додава дека во американската политика спрема Косово и целиот регион, се случила голема промена.
– Не верувам дека ако овдешното раководство сака да менува граници, дека Вашингтон ќе се спротистави, изјави Маер.
Според него, Германија сака, но се плаши од нестабилност, додека Британците се „пола-пола“, а ЕУ би прифатила решение ако се стигне до тоа.
Објавите за разграничување се всушност промена на границите, изјави Маер кој тврди дека тоа го зборува веќе 20 години и дека тоа треба да се случи.
– На српските пријатели им реков дека мора да разберат дека голем дел од Косово не може да го вратат, бидејќи тоа значи војна. Но, областа северно од реката Ибар е поинаква приказна, смета Маер.
За јужниот дел од Косово, Маер вели дека српските заедници имаат опција или да останат или да се преселат.
Тој додава дека во Република Српска треба да има референдум со три опции – останување во БиХ, Независност или здружување со Србија. Според него, со таков план државите би биле похомогени.