Коментирајќи ги бруталните методи на убивање што ги користел кланот на Веља Неволја, поранешниот началник на полицијата во Белград, Марко Ницовиќ рече дека тоа е начин да се испрати порака до противниците, објавуваат српските медиуми.
Ницовиќ рече дека во обезглавувањето биле скриени два вида пораки, едната за противниците, а другата за членовите на неговиот тим.
– Тука имате два вида на пораки. Првата порака е да им покаже на своите противници колку може да биде суров. Втората порака до неговиот тим е како може да им се одмазди ако го предадат, вели Ницовиќ.
Тој додаде дека овие методи ги користат мексиканските картели и руската мафија, но дека новина на групата на Беливук е што тие биле отворено арогантни и груби.
– Ова се методите што ги користат мексиканските картели и руската мафија. Тоа е тој систем на заплашување, вели тој.