Поради најавените високи температури за викендот, се отвораат организираните плажи во Грција

Од:

Врз основа на метеоролошките предвидувања, епидемиолошките податоци, но и препораката на надлежната комисија на епидемиолози, одлучено е од сабота 16 мај, да се отворат 515-те организирани плажи во земјата, соопштија од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Плажите ќе работата под одредени правила и прописи, меѓу кои регистрирање на бројот на посетители; 40 лица на 1.000 метри квадратни; четири метри растојание меѓу чадорите; по две лежалки на секој чадор; растојание од еден и пол метар меѓу лежалките од различни чадори.

Исто така, забранета ќе биде продажбата на алкохолни пијалици, а ќе работат по принципот take away.

На вработените им се препорачува да носат маска, а ќе бидат обврзани да ги дезинфицираат лежалките по секој посетител.

Во Грција се регистрирани вкупно 2.760 позитивни случаи на Ковид-19, а починаа 155 лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини