Поради Македонија, Грција предизвика „скандал“ во Брисел

Од:

Причината за грчкиот скандал во Брисел не е долгот и условите кои европјаните и ги наметнуваат на Атина за да излезе од длабоката криза, туку Македонија, пишува дописникот на париски „Либерасион“ – Жан Катрмер на својот блог „Кулистите од Брисел“, јавува дописникот на МИА од Париз.

Расправата која се водеше минатата недела (среда и четврток) во Брисел се однесуваше на тоа дали да и се додели или не датум за почеток на преговори на Македонија, која доби статут на „кандидат“ во 2005 година, пишува новинарот на Либерасион.

За време на расправата, грчкиот постојан претставник во ЕУ (амбасадорот) Теодорос Сотиропулос вербално го напднал својот австриски колега, викајќи на германски јазик: „Помина времето кога Австрија ја диктираше својата волја на Балканот“. Овај „мозочен излив“ на грчкиот амбасадор ги оставил вчудоневидени другите 26 амбасадори, кои се почувствувале непријатно наспроти нивниот колега од Грција.

Францускиот амбасадор Филип Етиен интервенирал за да ја смири ситуацијата, пред прекинот на состанокот од страна на кипарското претседателство.

Жан Катармер, кој како дописник на Либерасион од Брисел е еден пд најдобрите француски и европски познавачи на ситуацијата во ЕУ, потсетува дека Грција веќе долги години се спротиставува на употребата на името Македонија од поранешната југословенска република, бидејќи смета дека „тоа му припаѓа на грчкото наследство.

Австрија, во чија империја долго време се наоѓаа Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина, е една од земјите кои многу се залага за да ЕУ помине преку „телото“ на Грците кои ова прашање го претворија во „прашање на национална чест“.

Уште полошо, според францускиот новинар, од грчка гледна точка Виена само го поддржува залагањето на Европската комисија, која бара почеток на преговорите во јуни 2013 година, во замена на формално ветување на властите на Македонија да го решат прашањето за името, ветување кое се досега не донесе резултати.

Под европскиот притисок, грчкиот амбасадор на не многу дипломатски начин „пукнал од незадоволство“, ова „без сомневање поради  три годишните постојани понижувања на неговата земја“, како што објаснува еден европски дипломат.

Грција според анализата на францускиот новинар, нема сега да се откаже од нејзината дипломатија иако економски е на колена. Посебно не сега кога за премиер го има Андонис Самарас, кој кога беше министер за надорешни работи во деведесетите години го создаде македонското прашање, играјќи на картата на локалниот национализам за да се пробие на политички план…

Откажувањето од македонското прашање за него во било „смртоносно“, заклучува Жан Катрмер. „Тоа што грчкиот амбасадор зборуваше на германски беше со цел исто така да му се испрати порака на Берлин, кој не ја поднесува многу Грција… Но интерсно е дека Германија не се залага многу за проширувањето на ЕУ кон Македонија…

Текстот на францускиот новинар предизвика серија коментари на читателите на неговиот блог, од кои најголемиот дел изразуваат неразбирање за грлката позиција за името на Македонија.

Прашањето дали на Македонија ќе и се дозволи да започне преговори ќе треба да го пресечат министрите за надворешни работи на ЕУ, на утрешниот состанок во Брисел.

Во предложените нацрт-заклучокот стоеше дека „Европскиот совет во голема мера ја споделува процената на Европската комисија дека политичките критериуми продолжуваат доволно да се исполнуваат и привлекува внимание на препораката да се отворат преговорите за пристапување со поранешната југословенска Република Македонија. Со оглед на можното отворање на пристапните преговори во јуни 2013 година, Советот ќе го испита напредокот во спроведувањето на реформите во контекст на Пристапниот дијалог на високо ниво, врз основа на извештајот што би бил претставен од страна на Комисијата во првата половина на 2013 година. Комисијата се поканува да поднесе навремен предлог за рамка за преговори со поранешната југословенска Република Македонија, во согласност со заклучокот на Европскиот совет од декември 2006 година и воспоставената практика, која, исто така, ги зема предвид добрососедските односи“.

Во врска со односите со соседите, нацрт-верзијата предвидува дека одржувањето добрососедски односи, вклучувајќи ја и потребата за изнаоѓање компромисно и заемно прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на Обединетите нации, останува од суштинско значење.

Во предлог се наведува најчесто споменуваната варијанта за Македонија досега, а тоа е почеток на т.н. скрининг-процес со отворање на поглавјата 23 и 24.

-Водејќи сметка за новиот пристап кон пристапните преговори, што се однесува на поглавјата за судството и основните права и правдата, слободата и безбедноста, Комисијата, исто така, се поканува да спроведе процес на аналитички преглед на законодавството на ЕУ за овие поглавја, стои во предлогот.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната